Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 18 годишник со марихуана, малолетник со пиштол, превентивни активности

На 14.12.2023 во 00.15 часот на ул.„Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 18 годишник и малолетник, двајцата од Битола, затоа што кај 18 годишникот била пронајдена и одземена марихуана, а кај малолетникот бил пронајден и одземен пиштол. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Битола денеска (14.12), реализираа превентивно-едукативна активност посветена на учениците од основните училишта. Притоа, во основното училиште „Коле Канински“ во Битола спроведоа едукативни предавања на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, како и нивно навремено препознавање и превенирање, како и за спречување на насилството помеѓу младите.

Полициските службеници од сообраќајната полиција на СВР Битола, исто така денеска и вчера во Битола реализираа превентивна активност во насока на поголема безбедност во сообраќајот при зимски услови, односно реализација на кампањата на МВР и РСБСП „Користи зимска опрема”, при што на возачите покрај препораки и совети за безбедно управување на возилата им поделија и печатен материјал.

More from ВестиMore posts in Вести »