Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две 32 годишни жени уапсени за дрога и две други лица, физички напад

На 17.12.2023 во 06.20 часот во СВР Битола, Ф.Н. (24) од Битола пријавил дека пред угостителски објект кај Градско шеталиште бил физички нападнат од лице кој употребил и стаклен предмет.  Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 17.12.2023 во 01.05 часот на ул. „Индустриска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две жени на возраст од 32 години, двете од Битола. При преглед во патничко возило „алфа ромео“, во кое биле, биле пронајдени предмети со остатоци од прашкаста материја, додека во близина на возилото  биле пронајдени неколку пакувања со прашкаста материја.   По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 16.12.2023 во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 35 и 33 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едно од лицата била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

More from ВестиMore posts in Вести »