Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: денес санкционирани 83 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина

Во текот на денешниот ден (23.12.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возачите кои ја надминале  максималната дозволена брзина.

При контролата, санкционирани се 83 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а за време на контролата санкционирани се и четири други видови на прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

More from ВестиMore posts in Вести »