Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Силјан Мицевски – Циле

Денес во Скопје, на 78 годишна возраст, по долго боледување почина Силјан Мицевски, поранешен градоначалник на Битола и сопственик на ГП “Пелистер“ од Битола. 

Силјан Мицевски е роден на 16 октомври 1945 година, завршил економски факулет, а потоа се стекнал со титулата магистер по менаџмент. Мицески е основач на градежното претпријатие “Пелистер“ од Битола каде го помина најголемиот дел од својот работен век. Таа компанинија под негово раководство е една е најголемите градежни компании во државата. Силјан Мицевски беше и директор на Електро стопансто на Македонија во Скопје.

Силјан Мицевски беше и првиот градоначалник на Битола, избран на непосредни избори што се одржаа во 1996 година, а со Битола раководеше во перидотот од 17 декември 1996 година до 22 октомври 2000 година. 

Силјан Мицевски беше и ќе остане легендарниот претседател на ракометениот клуб Пелистер, и ќе биде запаметен како човек кој шеесет години во разни функции бил во ракометот, како ракометар, ракомеен судија, делегат. Клубот под негово водство постигна големи резултати, беше и шампион на Македонија, а играше многу сезони меѓународни натпревари со познати европски екипи кои доаѓаа во Битола. Под раководство на Мицевски, Пелистер стана југсловенскки гигант, се бореше со најдобрите европски екипи и постави култ каков што нема на овие простори, па и во Европа.

Треба да спомене и да остане запаметено, дека Битола и Пелистер со Мицевски на чело Пелистер дојде на чекор до титула во најсилната лига во светот, тогашната  југословенската лига, првпат играше во Европа, првпат заигра во Лигата на шампионите, освои пет титули шампион на Македонија и ја предизвика страста на цел еден град за ракометот, како култ на кој сите му завидуваат. 

Силјан Мицевски долги години беше и престедател на Сојузот на спортови на Битола, а беше и прогласен за почесен претседател.

Мицевски долги години беше почесен конзул на Републија Србија, со седиште во Битола, а беше избран во 2007 година со Одлука на Владата на Република Србија.

Мицевски во својот работен век доби многу признанија и награди, како деловен човек и како голем спортски работник. Ја добил наградата “4-ти Ноември“ во 1979 година, наградата „Интернационална ѕвезда – златна категорија“ доделена во Париз 2003 г., престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“ за 2016 година кое му беше врачено на Универзитетот „Хумболт“ во Берлин, а во 2016 година му беше доделено државното знаме на Република Србија.

Битолчани ќе го паметат покрај тоа што бил деловен човек, градоначалник, спортски работник, и како голем хуманист. 

Погребот на Силјан Мицевски ќе се изврши утре во Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »