Press "Enter" to skip to content

“Гром“, Николче Зацески и “Barcode“ и Sound Waves во “Зимската приказна“ кај Офицерски (фотогалерија)

Денес, недела беше вториот ден од “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола за дочекот на Новата 2024 година, по вчерашното започнување во Старата чаршија во Битола.Денес на платото кај Офицерски дом во Битола настапија во рамките на официјална програма Sineticsax, групата “Гром“, Николче Зацески и “Barcode“ и  “Sound Waves/Марјан Ѓаковски“.Претходно на платото кај Офицерски дом во рамките на “Офф програмата“ настапија  Dj Limon, Isavioloncello и Dj Goks.

Во старата чаршија свој настап имаа ОУ “Коле Канински“, потоа следуваше “Од децата за децата“ на КУД “Илинден“, Традиционалниот Базар на Македонско-Турско здружение „Мустафа Кемал Ататурк“, “Зимска Фолклорна Приказна 2023“ на А.Ф. “Плетенка.Битолчани и нивните гости имаа прилика да ја видат и “Фолклорна Бајка“ на А.Ф. “Гоце Делчев“, “Божиќни песни“ – Женски камерен хор “Керамија“ Прилеп, а “Музика за битолчани“ изведоа членовите на  Здружението за музичка култура и уметност “СЕКВЕНЦА“.

More from ВестиMore posts in Вести »