Press "Enter" to skip to content

ПОДЕМ одбележа 15 години постоење (фотогалерија)

Со одржување на Централниот одбор на партијата ПОДЕМ со седиште во Битола, во хотел “Капри“ во Битола ја одбележа својата 15 годишнина од постоењето.По тој повод на членовите на Централниот одбор на партијата ПОДЕМ им се обрати претседателот на патријата проф. д-р Жувко Јанкуловски кој рече дека со крајот на 2023.  година ПОДЕМ ја заокружува јубилејната 15. година од своето постоење, исполнето со предизвици, успеси, труд и борба и инфраструктура во над 50 општини, спротивно на сите потценувања и опструкции успеавме да опстанеме.Претседателот на партијата, проф. д-р Живко Јанкуловски за предизвиците во 2024 година продолжи:Престојната, пак 2024-та година во многу што е е година која ветува промена, исправање на погрешното, итање кон вистинското, година во која ПОДЕМ може и мора да ја капитализира целата своја досегашна работа. ПОДЕМ е основана за да даде на земјава, не за да земе од неа. Желбата за изградба на Република Македонија во современа демократска држава, со општество во чија основа се слободата, еднаквоста и рамноправноста, солидарноста, правдата, човековите слободи и права ја создаде ПОДЕМ. ПОДЕМ го препознаа во сите општини низ Македонија и инфраструктурата денеска содржи над 30 илјади  членови и можност со свои советници, директори, професионалци и функционери да влијае на политичките текови. Кон ПОДЕМ се приклучуваат нови нови членови кои ја препознаа визијата и мисијата за подем на Македонија преку интелектуална и граѓанска борба на визии.-Нашата вредност се искрените одговори на тешките прашања за нашата држава, без залажување, без лажни ветувања… Нашиот квалитет е умот, трудот и квалитетот на нашите членови. Лојалноста на македонската држава и македонскиот народ, одговорноста пред Вас, не собра и денеска тука. Никогаш не забораваме да слушнеме што има да каже човекот и граѓанинот како што вели Русо. Знаеме што е тоа што го мачи нашиот народ, зашто и ние сме дел од него. Точно е дека не можеме да ја предвидиме иднината, но точно е и дека ние сме тие кои ја градиме иднината. -Идната 2024 година е година е изборна година. Изборот кој престои е позначаен од било кога. Македонија досега изгуби многу од своите бои. Уште еден погрешен или недоволно јасен избор и се плашам дека веќе ќе стане проѕирна, незабележителна. Силна држава градат горди и сити граѓани. Кај нас, малкумина останаа од ситите и тоа за жал оние најлошите-неситите. Горди? Горди веќе не се ниту најситите. ПОДЕМ во Македонија, е подем за Македонија. ПОДЕМ во Македонија е незаборав дека никогаш не сме погрешиле за страните на историјата и незаборав дека тоа мора да ни биде прва гордост и морално право над опортунистите и неразбраните трговци.ПОДЕМ се пркосни, обединети, чесни, стручни и вредни луѓе кои живеат од сопствениот труд, знаење и способности, кои ја ценат силата на вистината, правдата, демократијата и трајните човечки вредности.Потоа се одржа и свеченост по повод јубилејот, а на која беа доделени благодарници за членови на партијата кои оставиле белег во работењето на патријата во изминатите 15 години. 

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »