Press "Enter" to skip to content

“Ултрас Битола“ донираа за Домот за доенчиња и деца без родители во Битола

По повод новогодишните празници и големиот христијански празник Божик, подгрупата од навивалката група “Чкембари“, “Ултрас Битола“, деновиве реализира голема хуманитарна акција, а денес донацијата беше предадена во Домот за доенчиња и деца без родители во Битола.

Донацијата која денес “Ултрасите“ ја предадоа во Домот се состои во храна и друго што му е потребно на Домот. 

-Ова е втора ваква хуманитарна акција која “Ултрас Битола“ ја спроведе, а е наменета за штитениците на Домот за доенчиња и деца без родители во Битола. Првата беше лани за Велигден, а оваа по повод новогодишните и божикните празници. Со ова дело сакаме да кажиме дека сите треба достоинствено да ја дочекаме новата година, сите заедно во новата 2024 година да се стремиме кон нови цели и победи. Повторно ја прикажуваме позитивната страна на навивачите. Тука не застанваме, за Битола, за битолчани, за Пелистер, вели Горан Калешковски – Љутио.

More from ВестиMore posts in Вести »