Денес, вторник, беше четвртиот ден од “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола за дочекот на Новата 2024 година, а официјалниот дел се одржа на платото пред Офицерски дом во Битола.
Во официјална програма која се одржа на платото пред Офицерски дом во Битола настапија: Виктор Апостоловски, Влатко и оркестарот “Златко Миладиноски“ и Ламбе Алабаковски со групата “Ламбе и пријателите“.
Во “Офф програма“, која исто така се одржа во Офицерски дом настапија Dj Anna Maria, “Isavioloncello“, а на Широк Сокак настапи Dj T- Zobe.
Во Стара Чаршија се одржа “Новогодишно село“ -во организација на Здружение за коњички спортови и заштита на коњи, а своја програма имаа и учениците од ОУ “Климент Охридски“, ОУ „Кирил и Методиј“ и ОУ „Трифун Пановски“. Имаа и настап и членовите на групата “Битолски чалгии“.
Утре, среда, во официјалниот дел ќе настапат “Меркато Бенд“, Борче Наумовски – Министерот и група “Тамбураши“.

Виктор, Влатко и Ламбе на четвртиот ден на “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: прославен 17 март, Денот на Црвениот крст и денот на крводарителите (фотогалерија)
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)





