Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски, од КК Пелистер Битола, програсен за најдобар тренер во изборот на кошаркарската федерација

Кошаркарската федерација на Македонија, синоќа ги прогласуваше најдобрите за 2023 година, а најважната награда за најдобар тренер во измината година е прогласев Марјан Илиевски, кој ја водеше екипата на Пелистер од Битола, во изминатата сезона и стигна до финалето на плеј офот.

Во образлижението се вели дека Марјан Илиевски, стратег кој што го вивна клуб од Битола при самиот врв во мак-кошарката.

-По доделување на наградата Марјан Илиевски рече дека таа заеднична награда на сите на кошаркарите на Пелистер, Општина Битола, спознорите, навивачите, навивачката група “Чкембари“ и секако сите битолчани кои го сакаат Пелистер.

-Чест и задоволство е да бидам дел од оваа манифестација која се одржува секоја година. Оваа награда е посебно значајна за мене, бидејќи доаѓа во период кога бев тренер на екипа со која минавме низ многу потешкотии. Се надевам дека не само јас, туку и кошаркаркиот клуб Пелистер и оваа сезона ќе ја потврди наградата, рече Илиевски.

Илиевски објави фотографија од доделување на награда, а во позадина е “химната“ на навивачите “Ако одам во Битола“ како знак на благодарност до сите битолчани.

Илиевски од пред неколку месеци не е повеќе на чело на Пелистер, бидејќи поради здравствени причини мораше да се повлече и неговото место го презеде Радуловиќ. 

 

More from ВестиMore posts in Вести »