Press "Enter" to skip to content

Изложба и промоција на монографија за Драган Најденовски за неговото 40 годишно творештво (фотогалерија)

Синоќа во фоајето на НУ Центар за култура Битола беше отвореана изложба на битолскиот уметник Драган Најденовски – Најдо од Битола, а беше и промовирана монографијата по повод неговите 40 години творештво. Изложбата која ја отвори директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски, е ретроспектива на творештвото на Најденовски, а таа на отворањето рече:-После последната изложба Најденовски рече дека се повлекува, но вечерва сум среќна што еве поставена е нова, негова изложба, а станува збор за ретроспективна изложба. Секако вечерва ја промовираме и монографија 40 години творештво на Најденовски. Центарот за култура од Битола се запишува како издавач на монографија во која е собран еден фасцинантен уметнички опус, на еден сериозно голем уметник во нашата земја, кој креира симболично и модерно ликовно творештво, реално и апстрактно кое изобилува со поетски лиризам, естетизам и претставува една модерна галаксија која сјае со посебни нијанси и колорит, и додаде:-За Најденовски само ќе додадам дека за мене е еден од најголемите уметници во нашиот град и пошироко кој оставил сериозен траг во ликовната уметност во нашата земја. Кога ќе се прочита што е се напишано во монографијата ќе сфатите дека ова е голем човек кој секојдневно го среќаваме низ Широк Сокак и по битолските улици, а неговиот опус и дело за мене е фасцинантно. Маја Андоновска – Илиевски прочита и стихови од Панде Манојлов напишани за Најденовски. Драган Најденовски се појавува на ликовната сцена во 80-тите години на минатиот век, во време кога во уметноста се беше дозволено, кога уметноста продираше во сите сфери на општеството, а на 0творањето Најденовски рече:-Маја и Љупка се “виновниците“ за оваа вечерашна изложба, бидејќи точно е дека се откажав, тие ми ветија дека ќе печатиме монографија, а јас не можев да ги одвијам. Благодарнст и за Лилјана Христова која го напиша текстот, и за сите кои се вклучија, а најмногу на мојата ќерка Синоличка која сето ова го “спакува“ за вака убаво да изгледа. Морам да му се заблагодарам и на мојот некогашен директор Стојко Мојанчевски, во РЕК “Битола“ која ми овозможи да напредувам, преку разни форми, и да добивам награди. Секако сакам да му се заблагодарам и на моите пријатели со кои пиеме кафе на Широк Сокак, секој ден и додаде:-Сакам само да додадам дека посебно ми е мило што во 2000 година бев дел од првата ликовна колонија “Ниже поле“ која овозможи остварување на една замисла, а таа остана колонија со трајни вредности.Во име на ДЛУБ Битола зборуваше претседатело, кој на Најденовски во име на ДЛУБ ми додели благодарница за неговот 40 годишно творешетво и рече:-Мислам дека е невозможно да се говори за битолската ликовна сцена, а да не се спомене името на Драган, а тоа е уметникот за кој сите ќе кажеме на наша радост, дека нема поминато млад ликовен уметник низ неговото ателје. Тој е една енигма која ги поврзува и го носи искуството на првите генерации во градот, и ги пренесува на нас сите, односно не потсетува што се тие имаат направено. Да не биди, како зборувал Траиковски, дека никој не го посетувал за 40 години, ние како ДЛУБ се одлучивме за Најденовски да изработиме и да ми подариме признание како чест за неговиот голем придонес за развој на културата во Битола. 

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »