Press "Enter" to skip to content

Вилдан Керим прво зимско засилување во ФК Пелистер од Битола

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес на првиот ден од Новата година го промовира и првото зимско засилување за пролетниот дел од оваа сезона. 

ФК Пелистер известува дека од денес нов играч на нашиот клуб е искусниот крилен фудбалер Вилдан Керим.

Во својата кариера Керим настапуваше во повеќе клубови, покрај Детонит, беше дел и од Гостивар, Вардар, Скопје, Борец, косовските Дукаѓини и Дреница, а имаше настапи и во Турција.

Клубот му посакува топло добредојде и многу заеднички успеси во наредната полусезона.

More from ВестиMore posts in Вести »