Првата оценка на СВР Битола како поминала новогодишната ноќ, според портпаролот Сања Стаматова е дека таа поминала релативно мирно, а во билтенот на СВР Битола, на подрачјто на Општина Битола има забележано само еден настан, а се рабои за физички напад.
-На 31.12.2023 во 23.00 часот, во СВР Битола В.Т. од Битола пријавил дека на ул. “Свети Нектариј Битолски“ бил физички нападнат од од две лица, двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, индормира Стаматова.






