Денес, вторник, 9 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде облачно и студено, со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 3 степени.
Утре, среда, 10 јануари, во Битола времето ќе биде утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Битола до 8 степени.