На првото Европско поединечно првенство во куглање кое ќе се одржува во Апатин, Србија од 3 до 9 февруари, во организација на Светската кугларска федерација, Македонија има влупно 7 претставници од кои 4 во сениорска и 3 во јуниорска возрасна категорија.
Свој настап за јуниорите ќе имаат Стефанија Алексовска од Пелистер Пин од Битола и дебитантите на големите првенства Емилија Илијовска од Пелистер Пин и Владимир Талевски од Пелистер 1982.
За сениорите ќе настапат Драгана Гаврилова, Мирјана Младеновска од ГТЦ Мусандра, Никола Андоновски од Пелистер 1982 и Александар Младеновски од Макпетрол.
Игор Михајловски кој ја води и Кугларската Федерација и е селектор на младински категориие за настапот на македонските куглари вели:
-Како Федерација, преку своите тела и селекторите, на ова прво европско првенство кое се одржува во Србија, донесовме заедничка одлука да настапат помлади куглари и кугларки, дел од нив и дебитанти, давајќи им шанса да се верификува нивната работа и форма која ја имаа во изминатиот период со тенденција да се подмлади посебно машката сениорска репрезентација, а за очекувањата додава:
-Не сме многу оптеретени со очекувањата, играчите се подготвени да го дадат својот максимум, многу ќе зависи во моментот на настап да се зачува концентрацијата и да се примени она што на тренинзите е работено. Стефанија од оваа група е најискусна и очекувам добра игра од неа иако имавме големи предизвици со неа дали ќе патува за Србија поради сериозен грип деновите пред заминувањето, Никола, Драгана и Александар имаат солидно меѓународно искуство со своите клубови или репрезентација и очекувам од нив добра игра додека најмладите Емилија и Влатко за прв пат ќе настапуваат на големо првенство, настапуваат во повисока возрасна група, но и двата се талентирани и очекувам да изиграат квалитетно. Медал е секогаш цел, дали ќе успееме или не во нашата цел ќе видиме, но дури и да не успееме, ова нивно искуство ќе биде од огромно значење за идните репрезентативни настапи на нашите избраници.

Пет куглари од Битола на Европско поединечно првенство во Србија (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Традиционална битолска вечер во Скопје, отворена со “Чија си“ на Славе Димитров (фото+видео)
- Денес е празник на големите господови лекари, Светите врачи Кузман и Дамјан
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер лесно до победа над Тиквеш во Битола
- Елена Костадиновска и Никола Бубевски од Битола се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје







