Press "Enter" to skip to content

Бојан Стерјев: “дупла круна“ оваа сезона, се друго е неуспех

Пред официјалниот старт на подготовките на ракометната екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, Бојан Стерјев, уште еднаш ги повтори амбициите на клубот, а тоа е “дупла круна“ и изјави:

-Целиме кон дупла круна, се друго би било неуспех. Еурофарм Пелистер има најдобар играчки ростер во Суперлигата и според тоа сме главни фаворити, но секако фаворитската улога се покажува на терен, не на хартија. Ќе има доста тешки натпревари, пред се натпреварите со Вардар и Алкалоид, но мора да бидеме претпазливи и на гостувањата кај Тиквеш и Охрид.

-Како и да е оваа полусезона мислам дека ќе ги оствариме сите цели, со поддршката од битолчани и навивачката група Чкембари, па на крај на мај ќе се радуваме сите заедно. Денес започнува Европското првенство во ракомет, би им посакал на сите играчи на Еурофарм Пелистер пред се да останат здрави, како и многу успех, а наше е да ја поддршиме македонската репрезентација.

More from ВестиMore posts in Вести »