Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: објавен повик за поддршка на Советите на Општината

Општина Битола објави Јавен повик за прибирање понуди за финансиска поддршка на програми и проекти на Советите на Општина Битола и тоа:

-Совет за превенција на детско престапништво,

-Совет за социјална заштита,

-Совет за превенција, 

-ЛЕСС,

-Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и

-Совет за заштита на потрошувачи.

Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2024 година согласно Програмата за остварување на социјална заштита на Општина Битола за 2024 година.

Документацијата се доставува во архива или  по пошта на адреса: Општина Битола, Сектор  за економски развој, јавни дејности и ИТ; Булевар „1-ви Мај“ бр.61;  (со назнака – Пријава за јавен повик за социјална заштита)  во рок од 6 дена од денот на објавување на овој повик  заклучно со 18.01.2024.

Повеќе информации за повикот достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-poddrska-soveti/.

More from ВестиMore posts in Вести »