Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: бабари во Битола, карневал во Цапари (фотогалерија)

Битола за Василица е препознатлива по тоа што се “врти парето“, но покрај тој стар адет нашиот град е познат и по бабарите кои поминуваат низ градот, а во потпелистериието, во селото Цапари се одржува “Василичарскиот карневал“, започна со своите секавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Овие се некрстени денови се до Водици, а според  народните верувања слите духови и затоа битолчани на василичарското утро и во текот на целиот ден, бабарите кои се маскирани со страшни маски “озвучени“ со клопорарци – звонци, со тапани и зурли ги бркаат лошите духови, вели Миновски, за битолските бабари, за кои додава дека последните години и да ги нема или се ретки мали групи. Напоредно со бабарите во Битола во село Цапари со векови на Василица се одржува традиционалниот Василичарски карневал “Бабари”, за кој цапарци и жителите на
околните битолски села, кој со векови ги собира цапарци, а велар сека е постар од Вевчанскиот и има над 100 години традиција. Карневалот за времето на комунизмот бил забрануван поради критиките на тогашната власт, но сепак опстоил.  

Цапарски карневал во 2014 година имаше повеќе од 100 маски, шеици, полицајци, роботи, вампири, невести, свешетни лица, затвореници, а некои цапарци носеа маски на некои актуелни македонски политичари.