Press "Enter" to skip to content

Убаво време, “мека“ патека од Молика до Копанки, но жал празна, само десетина битолчани на Копанки (фотогалерија)

Денешниот ден како “измислен“ за престој на планина, а кога од Битола ќе се искачите до Бегова Чешма – хотел “Молика“ таму ве очекува вистиски рај, а со продолжување со пешачење, макар до Копанки, престојот е комплетен.За разлика од празничните денови кои изминуваат, со многу престој во затворени простории во Битола, кафеани, кафулина, затворени тераси, на Пелистер сосема друга перцепција, ширина, чист воздух, снег, пријатно време, “мека“ патека за искачување.Но, за жал оваа наша ретка, природна убавија денес ја конзумираа со искачување до Копанки, додека се искачувавме и престојуваме таму,  само десетина или дваестина битолчани.А, таму иста слика, неколкумина кои се бројат на прстите на една рака, кои уживаа во топлиот чај од “Хотбокс“.

Секако за почит неколкумина се враќаа од Јоргов Камен или Црвени Стени, со истата забелешка како и нашата, дали само десетина луѓе се најдоа од цел град да уживаат во оваа убавина.Кај Ластојчин камен, исто така малкумина, а само едно дете се санкаше со своите родители на ширината над хотелот “Молика“. И, по кој знае кој пат присутните, гледајќи колку малку мина има на планина си повторуваа: “Ех да му е овој Пелистер на некој друг…“

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »