Press "Enter" to skip to content

Џеваир Јакупи, бурекџилница “Фреш“ Битола: годинава направивме најмногу мазници со паричка

Во Битола традиционално за дочек на Православната-стара Нова година и празникот посветен на Свети Василиј Велики – Василица се одбележуваат со мазник во кој има паричка, за која се мисли дека на оној кој ќе ја најде ќе му донесе среќа.

Како одминуваат годините и новиот начин на прослава на празникот во Битола во сегашно “современо“ време се помалку има домаќинки кои сами дома засукуваа мазник, а наместо тоа сега порачуваат.

Џеваир Јакупи од бурекџилницата “Фреш“ која се наоѓа кај Саат кулата во Битола вели дека оваа година имаат полни раце работа.

-Како поминуваат годините така и расте побарувачката на мазници со паричка за Василица. Порачки има многу и затоа мораме со список, за одреден ден, а за вчера и денес правиме списоци и според часот кога се подигнуваат мазниците. Оваа година ќе кажам дека имаме најмногу порачки. Имаме поеднинчени мали мазничина, стандардни кои ги правиме најмногу,  а секако правиме и посебни мазници во разни големини по порачка на битолчани.

За тоа колку мазници направиле деновиве откако од петокот започна “вртењето на парето“ во фирмите, вчера по рестораните и домовите, и денес со семејствата, Јалкупи ни рече:

-Деновиве ни е најботно и се надевам дека денес никого нема да оставиме без мазник за да дома или со пријателите и колегите. Разлислуваме во таа насока, сите сме како гледате, вонредно ангажирани во таа насока. Кој може се да изброи во оваа гужва, а денес само можам да им порачам на битолчани честита Василица -стара Нова година и среќа на оние кои го најдоа парето.

More from ВестиMore posts in Вести »