Press "Enter" to skip to content

Се изработуваат студии за Генерален урбанистички план на град Битола (фотогалерија)

Денес, во Офицерски дом во Битола се одржа четвртата работилница за изработка на студии за влезна документација за Генерален урбанистички план (ГУП) на град Битола, којашто се организира во склоп на проектот „БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“, финансиран од Европска Унија и имплементиран од италијанската невладина организација-COSV, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација.Настанот се реализираше во организација на Проинг ДООЕЛ Битола и Архитектонски факултет Скопје, работилницата ќе продолжи и утре.Целта на оваа работилница е да се презентираат првичните верзии на изработените студии од страна на Архитектонски Факултет од Скопје, кои ќе бидат влезна документација во изработката на Генерален урбанистички план (ГУП) на Битола. Преку дирекна дискусија со засегнатите страни од НВО секторот, јавните институции и бизнис секторот целта е да се дефинираат заклучоци кои ќе се вградат во конечните верзии на студиите од страна на експертите.Работилницата беше модерирана од д-р. Анастасија Трајковска, национален урбан експерт во склоп на проектот и проф. д-р. Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет од Скопје.На оваа работилница се презентираа студиите кои беа изработени од страна на Архитектонскииот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје а се однесуваат на областа на домувањето, стопанството, организирање и систематизирање на градски центри и земјиште за општа употреба, студијата за јавни функции, студијата за одржлив економски развој, одржливо урбанистичко планирање и студијата за ризици од природни непогоди, ризици од технолошки хаварии, заштита и спасување. На работилницата исто така беа презентирани и заштитно-конзерваторските основи изработени од страна на НУ Завод и Музеј Битола, како и Сезимолошката студија изработена од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На настанот учествуваа претставници од НВО секторот, претставници на Сојузи на стопанственици, претставници од јавните претпријатија, Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола, НТ Битола, НУ Центар за култура, НУ Завод и Музеј, НУУБ “Св. Климент Охридски“, Македонско научно друштво и останати заинтересирани групи на граѓани.Со воведни обраќања присутните ги поздравија градоначалникот на oпштина Битола и претставници на проектните партнери и изведувачи во склоп на проектот.-Општина Битола и преку денешната четврта работилница, продолжува со реализација на задачите, активностите и процедурите кои се поврзани, со изработката на еден важен документ од витално и стратешко значење за Битола. Самиот факт што Генералниот урбанистички план на Битола, датира од 1999 година и соодвествувал на тогашните потреби на градот, говори дека неопходно е успешно завршување на овој процес, во кој ќе бидат согледани сите важни аспекти за градот кои ќе одговараат на современите потреби, но ќе бидат во согласност со законската регулатива и ќе се засноваат на добро обработени податоци. Денес, имаме презентација на 10 влезни студии, изработени од Архитектонскиот факултет од Скопје, но истите до изработката на конечните верзии, оставаат доволно простор, сите засегнати субјекти да дадат свои мислења и заклучоци, со цел добивање на квалитетна влезна документација за Генералниот урбанистички план на Битола.Сакам да изразам голема благодарност, за континуираната и професионална соработка во досегашниот период, која ги вклучува и невладиниот, бизнис секторот, но и општинските и државните институции. Тука посебно сакам да се заблагодарам и на нашите соработници од Проектот „Баир“, кои успешно ги спроведуваат проектните активности, кои се од значење за Битола, но и за подобрување на условите за жителите во населбата Баир. Верувам дека, во следните два дена, низ еден конструктивен процес, ќе се донесат важни заклучоци кои ќе придонесат за одржлив развој на општината, имајќи ги предвид потребите на сите граѓани, изјави Тони Коњановски – градоначалник на општина Битола.-Денешните градови низ целиот свет, а и во нашата држава се соочуваат со сложени предизвици кои произлегуваат од нивното функционирање и кои стануваат уште поголеми и покомплексни во процесот на урбаниот развој на нашите заедници. Затоа, од исклучителна важност е развојот на локалната заедница, нашите населби и градовите да биде резултат на соработката на експертите од сите области кои го обликуваат нашето секојдневно живеење. Само низ продуктивна соработка на научниците, експертите, професионалците, граѓанскиот сектор, стручните и струкови организации, но и единиците на локалната самоуправа и националните институции можеме да планираме и градиме подобра иднина на нашите градови. Оттука, само низ примената на современа научна методологија во истражувањето и разбирањето на проблемите со кои се соочуваат општините и нивните граѓани, како и примената на најдобрите искуства и практики од Европската Унија и целиот свет, можеме да дојдеме до одржливи решенија за градовите. Одржливиот урбан развој е релативно нов пристап во урбанистичкото планирање, кој подразбира синергија во планирањето и реализацијата на балансиран економски, социјален, технолошки и еколошки развој, во кој низ инклузивен и партиципативен пристап ќе се препознаат и ќе се вградат интересите и мислењата на сите засегнати страни. Итната потреба за справување со растечките проблеми на урбаните заедници на глобално ниво го препознаваат и Европската Унија и Обединетите нации како најсеопфатна меѓународни организации, кои постојано работат и изготвуваат низа мерки, програми, конвенции, повелби и декларации во кои како главна цел ја декларираат „одржливоста“ и „одржливиот развој“. Оттука, за потребите на изработката на новиот ГУП на Општина Битола создадовме партнерство помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Општина Битола, COSV-е и Преда Плус, како и со сите засегнати страни, а особено граѓаните на Битола за да ги понудиме најдобрите научни и стручни решенија за иднината на Битола”, изјави проф. д-р Огнен Марина -Декан на Архитектонски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.-Благодарам на сите за тригодишната интензивна соработка и високопрофесионалниот влог. Особено благодарам на градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, на партнерите од ПРЕДА Плус, ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг и сите други соработници, физички лица и правни субјекти кои демонстрираа висока сензибилизираност за овој проект, чии бенефити ќе се чувствуваат години потоа” изјави Климентина Ѓорѓиоска – менаџерка на проектот БАИР.-Подготовката на влезните студии за изработка на Генералниот урбанистички план на Општина Битола, ја покажува заложбата на оваа општинска админитрација за донесување на витален документ кој ќе ги одреди стратегиите за урбан развој и ќе обезбеди одржлив развој во општината. Ова е особено важно поради фактот што општина Битола има застарен ГУП кој не е обновен повеќе од 20 години и не ги задоволува современите урбанистички потреби на градот. Вклученоста на Преда Плус во една ваква инцијатива за донесување на Генерален урбанистички план е од суштинско значење, особено во обезбедување на партиципативно урбанистичко планирање кое што вклучува ангажирање на заедницата, жителите, заинтересираните страни и различни групи од интерес во целокупниот процес. Партиципативното урбанистичко планирање игра критична улога во подготовката на Генералниот Урбанистички план, поради тоа што преку вклучувањето на различни перспективи во процесот на креирање се добиваат информации за различните потреби на жителите и сето тоа води кон посоодветни одлуки кои подобро ја одразуваат комплексноста на урбаниот живот и спречуваат потенцијални негативни влијанија врз одредени групи или области.Ова е од особено значење, бидејки проектот БАИР како иницијатива преку која започна целокупниот процес, во преден план има подобрување на урбаните стандарди и животните услови на ромската заедница во општина Битола. Интеграцијата на ромската заедница во рамките на партиципативното урбанистичко планирање е важно за социјалната инклузија и за справување со специфичните потреби на оваа маргинализирана група. Ромите, како историски маргинализирана и често стигматизирана етничка група, се соочуваат со бројни предизвици, вклучувајќи неадекватно домување, ограничен пристап до образование и вработување, како и социјална исклученост. Вклучувањето на ромската заедница во целокупниот процес помага да се обезбедат нивните перспективи, потреби и амбиции, што води кон поинклузивен и еднаков развој на урбаната средина, во општина Битола. На таков начин создаваме град по мерка на сите, изјави Лидија Ангелкова – Преда Плус Фондација.Проектот БАИР се реализира три години. Во негови рамки, реновирани се 26 куќи во оваа населба. Реконструрани се две улици. Набавено е возило за собирање на отпад. Остварени се многу средби со граѓаните со цел поголема социјална инклузија. Воспоставена е соработка со речиси сите јавни претпријатија на локално и национално ниво од аспект на поголема социо-економска инклузија на заедницата.Денешната 4-та работилница за изработка на студии, дел од влезната документација за ГУП на Општина Битола е доказ на здружената посветеност за инклузивен и одржлив урбан развој. Во исто време, изработката на влезната документација значи промоција на социјалната кохезија, економскиот развој и културното богатство.Сите овие активности се вредни 900.000 евра, од кои 800.000 се средства од ИПА II фондовите на ЕУ, а 195.000 евра проектни средства се наменети за урбанистичката документација.Партнери во проектот се италијанската НВО COSV, Општина Битола и ПРЕДА Плус фондација.