Press "Enter" to skip to content

Let it snow, let it snow, let it snow… Широк Сокак во Битола, на полноќ низ објективот на Дамијана Ристевска (фотогалерија)

Стиховите на безвремениот евергрин на славниот холивудски актер и забавувач, Дин Мартин, најдобро го отсликуваат вечерашниот снег Битола, кој во нашиот град започна да врне некаде од пладне. Времето надвор вечерва асоцира на престој во топол дом, сепак малкумина битолчани уживаа по снегот, на полноќ, кога и се снимени фотографиите.Широк Сокак од саат кулата со паркот, кај “Магнолија“, по Широк Сокак, преку Камен мост, се до Офицерски, прекрасен, со снежна идила со бои на “поларна светлина“. Оваа сјајна снежна магија  со снегулки кои “играат“ низ воздухот… се совршено, за фотографирање.И на крај само ќе ги додадеме стиховите од романтичниот евергрин, кој совршено се вклопува во амбиентот надвор вечерва на полноќ. Oh, the weather outside is frightful

But the fire is so delightful

And since we’ve no place to go

Let it snow, let it snow, let it snow…Слушајте си го хитот и уживајте во снегот кој паѓа надвор.