Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична пријава за марихуана, каснување од куче скитник

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Р.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2023 во населба “Карпош“ во Битола, полициски службеници извршиле преглед над лице од Битола и кај него пронашле марихуана, која ја набавил од пријавениот. После тоа, бил извршен претрес во домот и помошните простории кај пријавениот, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

На 21.01.2024 во 11.50 часот во СВР Битола, В.В. (57)  пријави дека во с.Цапари, битолско, бил каснат од куче скитник.

 

More from ВестиMore posts in Вести »