Деновиве во Еурофарм Пелистер од Битола беше потврдено дека Бранислав Агелевски ќе продолжи да го води клубот, а и новото засилување во името на Дејан Манасков. Додека екипата на се комплетира со доаѓање на сите репрезентативци, тимот од Битола доби и нов капитен.
За нов капитен на “пелистерци“ е назначен Филип Кузмановски. Средниот бек се врати во родниот град како големо засилување и ќе биде главниот адут во битката за титулата. Посебен мотив ќе му биде капитенската лента. 27-годишниот Кузмановски е дете на Пелистер, првите ракометни чекори ги направи во Битола и доби афирмација во родниот град. Потоа се пресели во Металург кратко играше во Еурофарм Работник, па се одлучи за интернационална кариера.
Во есенската полусезона капитен беше Жарк0 Пешевски.









