Press "Enter" to skip to content

Прв контролен натпревар за фудбалерите на Пелистер од Битола, победен Караорман во Охрид

Пелистер – Караорман 5:2

Фудбалерите на Пелистер од Битола денес ја започнаа втората фаза од зимските подготовки која ќа ја одработат во Охрид.

На денешниот прв ден во Охрид “пелистерци“ го одиграа и првиот контролен натпревар на стадионот “Билјанини извори“, на кој кој ја победија екипата на Караорман со 5:2.

Головите за Пелистер ги постигнаа: Спиковски, Талевски, Христов, Маневски и Трајковски.

Наредниот натпревар екипата на Пелистер ќе го одигра на 28 јануари против екипата на Подградец од Албанија.

 

More from ВестиMore posts in Вести »