Традиционално веќе подолго време по повод денот на смртта на Павел Шатев, на Светонеделските гробишта во Битола, се оддава достојна почит на последниот македонски гемиџија, на големиот великан, револуционер, публицист, патриот и голем македонски интелектуалец, кој целиот свој живот го посвети на македонското ослободително дело, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
По тој повод на гробот на Шатев беше положено цвече од страна на локалната самоуправа, претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на организацијата и на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, кои беа и организатори на панихидата.
Павел Шатев се вбројува меѓу ретките македонски револуционери, политичари и државници од постарата генерација, кој ги преживеа сите премрежја на македонската ослободителна борба. Животниот сон на Павел Шатев се отвари со ослободувањето на Македонија и создавањето на македонска држава, во чија изградба тој има свој печат. Но, токму во слободната татковина, Павел Шатев трагично го заврши својот живот во тешки услови.
Погребан е на 30 јануари 1951 година на Светонеделските гробишта во Битола, а роден е во Кратово.
Потоа се одржа и промоција на книгата “Павел Шатев – заточение во Сахара – Фезан“.

Деновиве пред 10 години: панихида за Павел Шатев и промоција на книга за него во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: прославен 17 март, Денот на Црвениот крст и денот на крводарителите (фотогалерија)
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер










