Press "Enter" to skip to content

Кујна на солидарност “Food drive“ во организација на Лајонс клубот “Хераклеа“ од Битола и Црвен Крст Битола, спонзорирана од “Mint fintech group“ (фотогалерија)

Денес во Битола се одржа традиционалниот годишен настан – народна кујна за социјално загрозените семејства во Битола, “Food drive“, во организација на Лајонс клубот “Хераклеа“ од Битола и Црвен Крст Битола.  Храната се подготвуваше во мобилната кујна која беше поставена кај старата битолска касарна, а сите потребни продукти за подготвување на оброците ги обезбеди “Mint Fintech Group“, чии вработени се вклучија во акцијата.Промовирајќи ги хуманите вредности претседателката на Црвениот Крст од Битола, д-р Лилјана Ристевска рече:-Сакам прво се заблагодари на поддршката и повикам и другите компании од Битола и орегионот да го следат овој позитивен пример. Се надевам дека повеќе пати ќе се повторува ваква хуманитарна акција, а капацитетите на Црвен крст Битола секогаш ќе бидат мобилизирани.“Mint Fintech Group“ како лидер во финансиските решенија посветувајќи позитивно влијание на заедницата, преку донација и присуство на вработените се вклучи во овогодинешниот настан “Food drive“ за што преставникот на комшанијата, Петар Чороловски рече:-Овој настан е потврден и се придржува до сите локални упатства за здравје и безбедност, затоа се заблагодаруваме за поканата да бидеме дел од овој “Food drive“. Ова примеркој е  посветен на позитивно влијание во заедниците на кои им служиме. Нашето спонзорство на овој настан е доказ за нашата посветеност за општествена одговорност, која ја аформирааме преку различни иницијативи, тие значително придонесуваат за подобрување на животот на многумина во нашата заедница.Претседателка на лајонс клубот “Хераклеа“, Ана Секуловска, изјави:-Продолжуваат да ги негуваме вредностите на помагање на оние на кои им е најпотребно. Овој настан претставува охрабрувачки напор на заедницата за поддршка на оние на кои им е потребна помош во тешки времиња. Акцијата за храна има за цел не само да обезбеди хранливи оброци за семејствата, туку и да ја подигне свеста за постојаната борба против гладот во нашата заедница.

С.Ристевски