Традиционално веќе подолго време по повод денот на смртта на Павел Шатев, на Светонеделските гробишта во Битола, се оддава достојна почит на последниот македонски гемиџија, на големиот великан, револуционер, публицист, патриот и голем македонски интелектуалец, кој целиот свој живот го посвети на македонското ослободително дело, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.По тој повод на гробот на Шатев беше положено цвече од страна на локалната самоуправа, претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на организацијата и на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, кои беа и организатори на панихидата.Павел Шатев се вбројува меѓу ретките македонски револуционери, политичари и државници од постарата генерација, кој ги преживеа сите премрежја на македонската ослободителна борба. Животниот сон на Павел Шатев се отвари со ослободувањето на Македонија и создавањето на македонска држава, во чија изградба тој има свој печат. Но, токму во слободната татковина, Павел Шатев трагично го заврши својот живот во тешки услови.Погребан е на 30 јануари 1951 година на Светонеделските гробишта во Битола, а роден е во Кратово.Потоа се одржа и промоција на книгата “Павел Шатев – заточение во Сахара – Фезан“.
Деновиве пред 10 години: панихида за Павел Шатев и промоција на книга за него во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: отворен вино бар “Буре“ во Битола (фотогалерија)
- Битолчани се израдуваа Еурофарм Пелистер освои бод голем како планина (фотогалерија)
- Бутката за “компирчињата“ која беше на Широк Сокак, кај Османлијата, во Битола замина во историјата (фото)
- Деновиве пред 10 години: осветено црквичето “Св. Ѓорѓи“ во Старски дом во Битола (фото)
- На патеката на славните во Битола откриени три нови златни ѕвезди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)