Press "Enter" to skip to content

Повеќе од 130 илјади публика во 2023 година во Центарот за култура Битола

Директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски ги соопшти бројките на одржани настани, во нивна организација, проекции на филмови во “3Д Кино“, како и настаните кои Центарот ги има организирано заедно со други субејкти. 

Како вели Андоновска – Илиевски, бројките не се играчка, и додава:

-НУ Центар за култура Битола во 2023 година реализираше 645 манифестации, фестивали, концерти, настани, изложби, промоции, филмски проекции вкупно, а во нашите сали влегле 130.524 лица. Јас лично присуствував со мали исклучоци кои се бројат на една рака, скоро на се, а вработените и соработниците во НУ Центар за култура Битола заслужуваат медал за издржливост, Еден е Центар за култура, нека се знае.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »