Во текот на изминатата вечер (02/03.01.2024) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 14 возачи од кои (9 во Битола, 4 во Прилеп, еден Македонски Брод), а откриени биле и 13 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






