Press "Enter" to skip to content

Петар Горко, актер во НУ Tеатар Битола: јубилејот 35 години професионална кариера ќе го прославам со мојата публика (фотогалерија)

Жанета Ристевска

-Театарот ме привлекуваше уште како дете… Ме привлекуваше што има зад тие завеси, а мојата фантазија беше бескрајна. “На штиците кои живот значат“ стапнав на свои 12 години како статист, но се најдов меѓу тогашните гранде актери во  НТ Битола: Олга Наумовска, Ацо Стефановски,  Бабецот, Менде Марковски, Јоана Поповска,БорисЧоревски, чичко Јосиф Јосифовски…  Бев Митанче во претствата „Ивкова Слава“. Сцената е како магија која те понесува и кога еднаш стапнуваш, нема враќање…

-Театарот е најголемата слобода што еден човек може да ја има во сите изразни средства на сцената, психотерапевтски да искаже сé од себе и да претвори во уметност, иако тоа е најболното во работата, но потоа се чувствува ослободено. Во 35 години професионална кариера, сум играл во над 2.500 претстави, над 200 улоги од кои голем број биле главни. Сум играл во 19 претстави на Шекспир (од вкупно 37 дела) што е некој своевиден рекорд. Сите ликови се дел од мене, но за да го пронајдеш во себе ликот мораш да копаш длабоко во себе и тоа е еден психотерпевтски процес.

е боли се ова што се случува со нашата Македонија на меѓународен план, но и на политички, социјален, економски план. Живеејќи во едно вакво општество ќе направм спореба „Како што се ликовите на Чехов трагични и ние сите сме помалку трагични и несреќни секој на свој начин“. Мислам дека е потребно е да ја развиваме културата преку уметност, театар, музика, тоа ќе не спаси како општество кое оди во правец кој не е најдобар.Низ  разговорот со актерот Петар Горко  многу теми допревме… Секако најповеќе за неговиот јубилеј 35 години професионална кариера. 

Од Митанче како дете аматерски, неговата професионална кариера започнува  во „Мизантроп 1989 година. Потоа ликовите  Кристијан де Невиет  во „Сирано де Бержерак“ Ромео „Ромео и Јулија“ Осман бег во „Македонска крвава свадба“  Димитрија Карамазов (Браќа Карамазови), Јасон во „Медеја“ Валмонт во„Опасни врски“, Јосип броз Тито во „Тито“, Хенри Шести во „Хенри“… до денес ликот на  Вујко Вања  во истоимената претстава актерот Петар  Горко донесе ликови кои се паметат и ќе се паметат. Успешно се претстваува во проекти и настани каде  актерството, поезијата и музиката како уметности ги поврзува успешно со свои перформанси.  Учествува  во сите изданија на „Глумците пеат“. Многу награди, признанија низ неговата кариера. На почетокот на неговата кариера во 1992 година на фестивалот „Војдан Чернодрински“, за улогата на Крисијан де Невиет во Сирано де Бержерак, ја добива наградата за млад актер „Трајко Чоревски“. Потоа  „Актер на годината“ според весникот Дневник, бил и „Најпопуларен актер“, Годишен лауреат од областа на културата… покрај многу други во својот град и признанието на град Битола, Наградата 4 ти Ноември.

Разговорот го започнавме за импресиите од претствата „Вујко Вања“ на Чехов чија премирера беше неодамна. На крај од претставата плачат и  емотивно се поклопуваат  актерите и публиката „Вујко Вања“ од Чехов допре и до најмладата публика… Кажете ни Вие како ја доживеавте претставата…

-После подолг период односно од 2016 година  не сум играл во претстава од ваков калибар и ваква улога. Одамна немаше ваква претстава. Преискрена претстава.  Идеја за претставата која не водеше е… Што значи Чехов во 21 век. Ние на факултет го студиравме Чехов кој е познат по своите т.н „Чеховски паузи“ кои се долги, предолги. Оваа претстава е прилагодена на новото време…Денес никој нема време да те слуша повеќе од пола сат да зборуваш и да те чека. Се е брзо, кратко. Во приказната  ставивме се во ритам и динамика. А паузите  во претставата се преклопуваат со музика, а тоа е прекрасната музика на Александар Талевски и гласот  оперската пејачка Билјана Талевска кој е еден вид „крик“. Кога се поклопат сите коцки се добива претстава на која на крај емотивно се поклопуваат и актерите и публиката. Тука е величествената сценографија на Валентин Светозарев, кога на крај се спушта како „кафез“ за актерите кои симболично кажано се заробени во своите трагични судбини и несреќни секој на свој начин“. Актерите ги доловија многу реално. Костимографија на Андреј Папаз, одлична. Допре до сите, а и до најмладата публика, која не допре до мобилниот во тек на претставата. Што да кажам повеќе…

Плакатот за претставата го има ликот на Вујко Вања силен и ефектен… Кажете повеќе.

-Во текот на подготовките и работните задачи за претставата „Вујко Вања“ на  безвремениот Чехов, режисерката Софија Ристевска-Петрушева Софија ни даде задача да кажеме на  кои колеги актери  се огледуваме по слика и како се доживуваме.

Ги кажав искрено актерите Жарко Лаушевич и Небојша Глоговац двајца грандиозни актери кои се починати. Две фотографии од нив ми беа инсприрација. Всушност од енергијата на двајцата, произлезе и плакатот кој ја доловува всушност цела драма „Вујко Вања“. Во претставата преставувам една трагична личност и тоа се случи  на сцена на најдобар начин, бидејќи многу работевме, а режисерката ми даде голем простор тоа да го сработам, за што и благодарам, како и на моите колеги за прекрасната соработка.За себе…

На свои 6 години одев во рецитаторската секција на Пионерскиот дом „Трајче Магловски“.

-Кога се подготвуваа големи прослави како на пример за 29 Ноември или Нова година доаѓаа  Јоана Поповска, Бабецот  кои беа со нас. Тоа за мене беше нешто големо. Еден ден чичко Бабец ми рече: „Ти си веќе спремен за во театар“.

Театарот ме привлекуваше уште како дете. Тоа што беше привлечното,  е што има зад тие завеси, а мојата фантазија беше бескрајна. Најпрво влегов како статист, се разбира, но сцената е како магија која те понесува и кога еднаш влегуваш, нема враќање.  Но се најдов меѓу тогашните гранде актери во тогашниот Битолски народен театар како што беа : Олга Наумовска, Ацо Стефановски, Бабецот, Јоана, Менде Марковски, Илко Стефановски, чичко Јосиф Јосифовски… Се редеа претстави каде имав или само збор или една реплика, реченица, но бев присутен на сцената. После завршување на средно образование во гимназија “Јосип Броз Тито“ се запишав на Факултетот за драмски уметности во Скопје.  На ФДУ учев од најдобрите, бев во класа на Владимир Милчин, но и на Слободан Унковски, Љубиша Георгиевски…

-Имав среќа на факулетот за драмски уметности каде бевме генерација на која им се менуваа професорите режисери. На овој начин променив повеќе. Така учев од најдобрите и ми се случи да поминам, односно да бидам во класа на сите овие режисери. Исто така и колегите мои во генерација Владо Јовановски, Трајче Горгиев, Валентина Грамосли, Јулијана Стефанова, Марија Новак, Жаклина Стефковска, Магделна Ризова, Предраг Павловски, Ана Левајковиќ…Прва професионална улога ми беше уште на втора година на Факултетот за драмски уметности во претставата „Мизантроп“во 1989 година каде играв заедно со колегите Владо Јовановски и Трајче Горѓиев…

-Премиерата беше на 29 јули 1989 година која и го означувам како почеток на мојата професионална кариера. За време на студиите бев прогласен за најдобар студент и ме пратија на најдобриот фастивал на драмата во Авињон, Франција, каде имав можност да ги гледам популарните Кристофер Ламберт, Жана Моро на сцена.

Во НУ Театар Битола се вработив веднаш после завршувањето на ФДУ

-Завршив на 26 септември 1991 година, а се вработив на 1 октомври. Едноставно беше само едно преминување, од факултет на работа. Имавме среќа ние неколку тогаш дипломирани актери, бидејќи  дел од актерите замиаа во пензија и требаше да се пополнат тие места кои останаа празни. Периодот од  1991 година 10 тина години  потоа  беа  најплодни во НУ Театар Битола. Се сеќавам во 1994 година глумев  9 претстави, од кои во 4 претстави играв главни  улоги.Голем број  претстави и ликови беа во еден период кој  беше исцрпувачки, но тогаш бев млад, мислев дека можам се…

-Тука ќе кажам за еден своевиден рекорд, бидејќи сум глумел во 19 претстави на Шекспир, од кои многу биле главни. Ликот на Хенри  ми се случил во периодот кога се бавев со сопствената духовност. Низ разговори со маонасите од манастирот Зрзе го пронајдов Хенри во себе. Бидејќи Хенри е повеќе монах отколку крал, ги изградил најголемите цркви во Лондон и универзитетот Кембриџ. Наградата на “Дневник“ е сатисфакција и признание за ликот на Хенри Шести во истоимената претстава во режија на Џон Блондел. Има само пет фотографии на ѕидовите во самиот „Глоуб театар“ од вкупно 37-те претстави кои оставиле посебен впечаток на манифестацијата, едната е од „Хенри Шести“ и под неа пишува Република Македонија. Значи, навистина сме оставиле голем белег на Културната олимпијада и се гордеам со тоа.Улогата на Тито…

-Во европската прохибирана копродукциија „Тито“ го глумев ликот на Јосип Броз Тито. Тоа беше еден градндиозен проект составен од 7 претстави на различни театри балетски  од светот. Траеше 4 часа, но јас бев во сите бев Тито, макар што имаше и делови каде само ќе поминам без да кажам збор или се задржам повеќе. Повторно  улога Тито во серијата „Црвениот поет“ која неодамна имаше промоција  и наиде на многу добри критики.

Поетски музички перформанси

-Обожувајќи ја музиката како една од најголемите уметности пробав да ја доближам нашата македонска песна со стиховите полни со емоција на тага… до светската поезија. На еден начин произлегоа  неколку успешни поетско музички перформанси. 3 концерти во периодот после  од 2012 година. Првиот  во Магаза под наслов „Каква и да си, дојди“. Пред 10 години во програма на Битолско културно лето „Низ Битола со либето“ која се одржа во Старата битолска чаршија токму на местото каде се делат пет улици гледано токму од перспективата на уметникот Декирико. Концертот „Подманастирска душа“ во Горна куѓа с. Слепче под манастир от Св.Јован Претеча,каде настапив заедно  со грулата „Калабалак“, а  гости ми беа  Игор Џамбазов, Димитар Андоновски. Имаш и изложба на икони. Тоа беше едно фантастично доживување кое не можа да се опише со зборови, само  треба да се доживее. Подоцна сум имал уште многу поетско музички настапи по повод Св. Трифун и Св Валентин насловени како „Љубов и вино“ на разни места како во Битола така и во Скопје. Сум настапувал на сите настани „Глумците пеат“. Водител на големи фестивали.

Идни планови

-Се надевам дека ако се добијат средтсва од Министерсво за култура да направам концерт каде повторно ќе биде поврзани актерсто, поезија, музика. Ако се случи оваа година ќе биде по повод и  јубилејот 35 години професионална кариера.. Но, и да не се случи бидејќи не зависи од мене, секако дека јубилејот ќе го прославам со мојата публика на некој начин. Бидејќи за сите овие години поддршка тоа и го должам. Се снима нова серија, драго ми е што ќе бидам дел од неа. Овие се само дел на моето уметничко изразување на повеќе начини, но театарот ми е на прво место.Семејство ми е најважно и од тука ја црпам сета енергија

-Најголема поддршка ми е семејството, без нив не можев да постигнам ова се досега што го зборував. Мојата сопругата Жанета ми дава безрезервна поддршка. Имаме две деца, син и ќерка, Јована и Филип. Веројатно ќерката ќе тргне по моите стапки,  бидејќи пројавува желба и има талент.  Син ми е веќе возрасен и во друга професија… Најбитно е да ја работат онаа работа која искрено ја сакаат.Петар Горко, актер во НУ Театар Битола, низ својата 35 годишна професионалн кариера на повеќе начини на интерпретација и изразување на своите емоции, надвор од својата театарска  матичната сцена, низ музика, поезија, филм и серии  допира и ги анимира вљубениците на пишаниот збор и уметноста. Оставајќи зад себе голем број ликови, кои како што ни кажа низ разговорот, се дел од него. Секако не очекуваат уште голем број ликови до следниот негов јубилеј.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »