Press "Enter" to skip to content

Сашо Мирчески е именуван за нов началник на СВР Битола

СВР Битола беше на списокот на новиот министер за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски, во дел од  општини каде се променија началниците на секторите за внатрешни работи. Техничкиот министер, за нов началник во Секторот за внатрешни работи во Битола, го именува Сашо Мирчески.

Сашо Мирчески има 49 години, роден е и живее во Битола, каде завршил основно и средно образование, а дипломирал “криминалистика“ на Факултетот за Безбедност во Скопје. Во МВР е вработен пред 24 години при што работел на работните места: полицаец, советник за полициска обука, главен инспектор за сообраќај во СВР Битола, бил припадник на “посебна единица“ на полиција, каде напредувал од полицаец до командир на чета. Последните пет години работел како главен инспектор во Одделот за криминалистичко – разузнавачка анализа.

More from ВестиMore posts in Вести »