Press "Enter" to skip to content

Битолчани со минута молк и аплауз му оддадоа почит на Силјан Мицевски – Циле (видео+фото)

Во Битола стартот на вечното дерби на македонскиот ракомет започна со оддавање на почит на легендарниот претседател на ракометниот клуб Пелистер, Силјан Мицевски – Циле.Љубителите на ракометот во Битола со минута молк, громогласен аплауза и голем транспарент на “Чкембарите“ оддадоа голема и достојна почит кон Циле, како што го викаа битолчани Силјан Мицевски, големиот вљубеник во ракометот и голем бизнисмен од Битола.

Циле е основоположник на модерниот ракометниот клуб Пелистер, конкурентен на просториите на бившата држава Југославија.Под водство на Силјан Мицевски и неговите соработници Моцарто, Баге, Петар, Дуко… Пелистер се промовира како големо име во ракометна Југославија, се бореше за титулата во тогаш најсилната лига на светот, првпат заигра и во Лигата на шампионите.Сепак гестот, минута молк и прикажувањето на краткиот филм составен од фотографии, придизвика емоции кај неговото семејство, а разбирливо, неговиот внук Бојан, кој е значаен дел од денешниот Еурофарм Пелистер, не можеше да ги скрие солзите.Силјан Мицевски почина пред крајот на 2023 година, а секогаш ќе остане во сеќавање на љубителите на ракометот.

More from ВестиMore posts in Вести »