Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа ја отвори полусезоната, сега е на чекор пред Вардар (фотогалерија)

Еурофарм – Пелистер 27:21 (10:10)

Вечното македонско ракометно дерби, кое вечерва се играше во Битола донесе победа на домаќинот Еурофарм Пелистер над Вардар и сега е чекор пред “вардарци“ но далеку е крајот на сезоната. Во натпревар кој во десетина минути “пелистерци“ го решија победникот,  го добија убедливо со 27:21 и имаат повеќе бодови на стартот на плеј-офот.Дербито донесе радост за навивачи на Еурофарм Пелистер на полните трибини во „Боро Чурлевски“. “Вардарци“ отворија со 0:1 тргнаа со гол на Николиќ, но потоа беше рамноправна бораб на паркетот, а нити една екипа немаше поголема предност од еден гол. Првпат “пелистерци“ поведоа по 11 минути игра, а на пауза се замина со “реми“, 10:10.Второто полувреме продолжи со исто темпо, без многу голови и цврсти одбрани на одбраните на двете екипи. Во првиот дел од продолжението Томовски кој фати неколку топки, а Кузмановски кој даде важни голови, но на семафорот беше 12:12.Следуваа десетина минути од 37. до 47. минута, кои го решија победникот во Битола. Еурофарм Пелистер направи предност од + (19:14), а можеби клучниот гол го постигна Кузмановски за 18:14, а до него беше Словенецот Тајник кој погоди четири пати. Тука мора да се споменат и одбраните на Лесњак, кој со две одбрани во последната минута ја потврди победата од 27:21. До крајот “пелистерци“ одржуваа солидна разлика 4-5 гола, а Вардар пропушти шанза за -3. Следуваа “пресметки“ помеѓу Ѓукиќ и Борзаш, па и Георгиевски и Лесјак.Кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Филип Кузмановски со 8, а Домен Тајник беше стрелец на 7 гола. 

More from ВестиMore posts in Вести »