Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведувања за поседување на два ножа, за физички напад и омаловажување на полициски службеници

На 11.02.2024 во 03.30 часот на ул. “Прилепска“ полициски службеници од СВР Битола при преглед на  27 годишник од Битола во врска со чл.31 ст.5 вв. чл. 80 ст.1 т.12 и ст.2 од Законот за оружје пронашле и одзеле два ножа. Лицето е приведено во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2024 во СВР Битола е приведено лице од Битола затоа што на ул. „Климент Охридски“ во Битола физички нападнал полициски службеници. По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 10.02.2024 во 19.00 часот на паркингот кај спортската сала “Боро Чурлевски“ ви Битола двајца малолетници од Битола го нарушувале јавниот ред и мир и омаловажувале полициски службеници . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »