Press "Enter" to skip to content

Дејан Манасков, утре, против ПСЖ, ќе дебитира во дресот на Еурофар Пелистер од Битола

Еурофарм Пелистер утре со почеток во 18,45 часот е пред нов ракометен предизвик во Битола на свој терен, го пречечува ПСЖ во рамките на Лигата на шампионите. 

За оваа полусезона во Битола дојдоа две засилувања, а еден од нив е Дејан Манасков, кој ќе го засили клубот на лево крило. Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски за средбата ќе му даде утре довербата. Манасков на задолжителната прес конференција рече:

-Помина доста време откако не сум на терените и едвај чекам да започне натпреварот против ПСЖ. Мотивиран сум, за тоа не треба да се разговара. Чест ми е што по една година пауза повторно ќе настапам во Лигата на шампионите. Доволно сме спремни и имаме добар моментум по последната победа против Вардар и очекувам добар натпревар. 

ПСЖ повторно е меѓу петте најдобри екипи во Европа. Имаат изграден систем, кој неколку години го играат. Доволно знаеме каков стил негува Раул. Имаат добри поединци, им ја препуштаме фаворитската улога, но нема лесно да ја продадеме кожата. Ќе дадеме максимум пред нашата публика и имаме добри шанси да изненадиме на преостанатите натпревари. Можеби тие се малку уморни по Европското првенство и свежината е на наша страна. Видовме што беше добро на првиот натпревар во Париз. Тоа што беше лошо ќе го корегираме и в среда ќе бидеме подготвени. Ги знаеме имињата и медалите кои ги освоиле ракометарите на ПСЖ. Но, на теренот победува тој кој повеќе ја посакува победата. Одиме без респект. Зошто да не се надеваме, треба да веруваме во нас, во тоа што го работиме и имаме реални шанси за изненадување, а за тоа како “поминал“ на трибини за дервито против Вардар додава:

-Секогаш е најтешко на трибини да гледаш, а знаеш дека не можеш да им помогнеш на своите колеги. Некогаш и емоциите те понесуваат, сакаш да скокнеш в терен во некои моменти. Атмосферата беше прекрасна, одигравме одличен натпревар и тој почетен притисок го отргнавме. Во Лигата на шампионите го немаме тој притисок и се надевам дека некого ќе изненадиме. А во македонското првенство одиме понатаму до зацртаните цели.

More from ВестиMore posts in Вести »