Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: претреси во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 15.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода две лица на возраст од 28 и 24 години двајцата од Битола.

При претрес во домот на едното лице, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во домот на второто лице, извршен, исто така, со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »