Press "Enter" to skip to content

Три часа одлична атмосфера на 4.000 битолчани, песни и бодрење за тимот, за три секунди пред крајот изгубен “куп“, неверување и тага (фотогалерија)

Се случи она што сите го очекувавме, дека во Битола во финалето од Купот ќе игра Пелистер, а атмосферата која се погреваше изминатите два дена, денес да биде на највисоко ниво.Љубителите на спортот во Битола денес уште пред повеќе од еден час во голем број пристигнаа во салата “Боро Чурлевски“, која пред почетокот на натпреварот беше исполнета во целиот капацитет.Тука беа и градоначаниците на Битола – Тони Коњановски и на Аеродаром Тимчо Муциски, престедателот на кошаркарската федерација  – Перо Антиќ…Започна со песната “Ако одам во Битола“, се продолжи и со интонирање на химната на Македонија… и започна “ уште една луда претстава“, токму како што е напишано во една чкембарска песна.Следуваа околу два часа френетично навивање, со наградување со песна и аплауза на секој кош, на секоја добро одбранета акција на противникот, на секој скок офанзивен или дефанзивен.Сите 4.000 битолчани беа со една надеж и една мисла, но второто финале на куп на Пелистер, да се победи и големиот пехар на КФМ да остане во Битола.Но, како бидува во “една луда претстава“, драмата на крајот на финалето донесе пресврт, со кошот кој прптивникот го постигна на само 2,7 секунди до крајот, и наместо “славје“ во салата и цела Битола, неверување, тага и оправдана жал за “купот“.Како беше на трибините во спортската сала во Битола, низ фотогалеријата која е во прилог.

 

More from ВестиMore posts in Вести »