Press "Enter" to skip to content

Ангеловски: Посакувам натпревар како оној со ПИК Сегед во Битола

Денес екипата на Еурофарм Пелистер од Битола игра против уште еден ракометен гигант, германски Кил, кој во моментов е првопласиран во групата “А“ со 16 бодови. “Пелистерци“ веќе го одработија и тренингот на гостинскиот паркет 

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски, зборуваше со медиумите на прес-конфренецијата пред гостувањето кај германскиот гигант Кил во рамките на 12. коло од Лигата на шампионите и рече дека е свесен за предизвикот и најави голема борба против екипата на Кил, а воедно изрази задоволство што неговиот тим ќе гостува во земјата која се смета за колевка на ракометот.

-Одиме на гостување кај голем гигант кој потекнува од државата каде ракометот е светост. Кил е клуб со огромна традиција, но оваа година не им „цветаат рози“ во домашното првенство. Секако дека нивниот фокус е освојување на титулата во Лигата на шампионите, играат врвен ракомет и силни се во сите сегменти во играта. За нас ова е голема шанса да видиме колку сме блиску или далеку од нив и ќе имаме можност да сфатиме каде мора да напредуваме ако сакаме да се носиме со гигантите во иднина.

Посакувам натпреварот да биде сличен како оној со ПИК Сегед во Битола, тука покажавме дека можеме да играме со силните екипи. Бевме некако во грч и можеби не верувавме дека сме способни за позитивен резултат. Бевме блиску и до реми и до победа, но за жал тој грч на крајот се покажа како клучен за поразот. Ќе биде интересно, Кил атакува на „фајнал-фор“ во Келн и за нас ова ќе биде огромно искуство.

 додека нашиот шампион сѐ уште нема освоено ниту еден бод, иако беше близу во неколку наврати.  

More from ВестиMore posts in Вести »