Press "Enter" to skip to content

По повод светскиот ден на туристички водичи, утре, бесплатна пешачка тура низ Битола

-Утре, една поинаква саботна дружба и прошетка по Широк Сокак, оведете ги и вашите најмлади, ве уверуваме дека убаво ќе си поминат, порачуваа туристичките водичи од Битола.

Традиционално, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници(МАТВП) организира бесплатна пешачка тура во најпосетените туристички центри. Поводот за овој настан е одбележувањето на светскиот ден на туристички водичи кој се одбележува секој 21.  февруари.

-Утре, сабота, 24 февруари, нашите лиценцирани водичи ќе ви ја претстават Битола онака како што тоа го прават пред многубројните туристи. Во период од околу 2 и пол часа, со голема посветеност, љубов и локал патриотизам, ќе ви ја доловат Битола онаква каква што некогаш била, центар на Балканот. Ќе имате можност да го посетите Музејот на Град Битола, да ја слушнете приказната за Мустафа Кемал Ататурк и неговата тинејџерска љубов, Офицерскиот Дом, браќата Манаки, геноцидот врз Евреите, Саат Кулата, Старата чаршија…, вели Горан Пинза, туристички водич.

Првата тура започнува во 11:00ч , а втората тура од 12:00 од пред Музејот на Град Битола. Водичи на овие бесплатни тури ќе бидат Горан Пинза и Марија Ивановска.

More from ВестиMore posts in Вести »