Press "Enter" to skip to content

Пелистер “гостин“ во Битола, го победи Новаци (фотогалерија)

Новаци – Пелистер 1:3 (1:2)

Денес во рамките на од 17. коло во Втората македонска фудбалска лига во Битола играа Пелистер и Новаци, но домаќин беше тимот на Новаци, а победа извојуваа “гостите“ екипата на Пелистер со 1:3. Оваа победа е втора по ред во две кола од пролетното продолжение.Пелистер на отворањето на натпреварот поведе со 0:1, со голот на Христов во 5. минута. Во 39. минута Новаци израмни на 1:1 со голот на Благој Стојчев. Потоа во 42. минута Пелистер го врати водството и со голот на Спиркоски поведе со 1:2, резултат со кој се замина на одмор.“Пелистерци“ во второто полувреме, во 53. минута по еден прекин по слободен удар по десна страна капитенот Љамчевски одлично центрираше, а Танушев го постави конечниот резултат 1:3.По 17. кола екипата на Пелистер е на 2. место на табелата со 39 бода, а првопласирана е екипата на Беса со 43 бода. Третопласираната екипа Детонит е на трето место со бод заостанување зад Пелистер. 

More from ВестиMore posts in Вести »