Делницата кон кружниот тек на Дулие е во завршна фаза, а на потегот кон реката Драгор се поставуваат ивичници, по што следува асфалтирање и враќање во првобитна положба. Изградбата на овој крак од топловодот потоа продолжува по улицата “Иван Милутиновиќ“ и ќе заврши пред Црн мост. На него во првата фаза ќе бидат приклучени сите државни и општински институции од овој дел на градот: општината, судовите, полицијата, Гимназијата “Јосип Броз Тито“…
-Паралелно со ова, продолжуваат градежните работи и на кракот кој ќе носи топлинска енергија по улицата “Партизанска“. Во моментов, градежните работи на овој крак се одвиваат во близина на ОУ “Коле Канински“. Во завршна фаза се и подготовките за преминување на топловодот под реката Драгор, кај железниот мост.
-Тоа е уште еден многу специфичен зафат на кој работат стручните лица од фирмата изведувач. Веруваме дека и овој потфат ќе биде изведен професионално, брзо и ефикасно, како што беа изведени преминувањата на топловодот под Црна река, под регионалниот пат кон Новаци и под железничката пруга, велат од ЕСМ Топлификација Битола.
Изградбата на топловодот во Битола е капитална инвестиција каква што немало во градот откако се изградија Стрежево и РЕК Битола и ќе обезбеди поефтино греење најпрвин за институциите во локална и државна надлежност, а потоа и за граѓаните.

Дел од обиколницата каде се изведуваа градежни работи за изградба на топловодот се чисти и подготвува за асфалтирање
More from ВестиMore posts in Вести »
- Донесен Законот за основање Факултет за медицински науки и здравство во состав на УКЛО
- СВР Битола: малолетничко насилство, семејно насилство, физички напад, приведување за марихуана
- Денес 13. седница на Советот на Општина Битола
- Европска диплома како мост меѓу Западен Балкан и Европскиот простор за високо образование – тркалезна маса во организација на УКЛО (фото)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 25 степени





