Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец предизвикал пожар во казино, повреден велосипедист

На 03.03.2024 во 02.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Т.(35) од с.Долно Оризари, битолско. Тој се сомничи дека на 02.03.2024 околу 22.30 часот со запалива течност предизвикал пожар во казино на ул. “Лазо Трповски“ во Битола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 
 
На 02.03.2024 во 12.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато-Тополчани, пред надзвоникот за Могила, товарно возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 21 годишник од Битола, удрило во велосипед управуван на возраст од 37 години од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Клиничка болница Битола. Известен јавен обвинител, а увид извршил увидна екипа од СВР Битола. 
More from ВестиMore posts in Вести »