Press "Enter" to skip to content

Ана Врачаревиќ и Ѓуро Илиќ ги “преслушаа“ кандидатите за тренерски лиценци во реално аикидо (фотогалерија)

Викендов во Битола во Будо центарот “Пелистер“ се одржа полагањето за тренерски лиценци во реално аикидо за 2024 година.Полагањето беше организација на аикидо федерацијата на Македонија, според планот за работа, а технички организатор беше аикидо клубот Пелистер од Битола.Полагањето го предводеа мајсторите Ана Врачаревиќ – 9 дан од Белград, Србија и Ѓуро Илиќ – 8 дан од Битола, Македонија.-Ова е полагања за тренерски лиценци кое се одржува во рамките на планот за работа на Федерацијата и согласно соработката со Аикидо федерацијата на Србија. Како и претходно дел од Комисијата за доделување на лиценци беше и Ана Врачаревиќ – 9 дан од Белград, со која ние како клуб Пелистер, а и Федерација имаме одлична соработка. Да напоменам и тоа дека за тренерски лиценци беа пријавени кандидати од сите клубови во Македонија кои успешно се стекнаа со тренерски лиценци.-Ова не значи дека имаме поголем број на тренери, туку дека на овој начин со едукација на тренерите со добивање на лиценци, а претходно со посетување на семинари и секако индивидуална работа го зголемуваме квалитетот на тренинзите, а со тоа и поголеми натпреварувачки резултати, што е и нашата цел, додава Илиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »