Со културно – забавна програма, во организација на Здружението „Ромска ѕвезда“, денеска на плоштадот Магнолија во Битола, се одбележа Меѓународниот ден на Ромите.
На настанот, присуствуваа голем број гости, пратеничките од Битола, Силвана Ангелевска и Олга Лозановска, а во име на Советот на општина Битола, пред присутните се обрати советничката Лидија Павловска, изразувајќи искрени честитки за континуираната соработка и заедничката заложба за подобрување на условите за ромското население.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, потсетувајќи на активностите кои ги реализира општината во соработка со ромските организации и други претставници на невладиниот сектор, потсети на проектите кои се спроведуваат преку Ромактед програмата, Проектот „Баир“ – Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите, како и други активности кои имаат за цел подобрување на образовниот статус, инфраструктурата и условите за домување на Ромите.

На “Магнолија“ во Битола здружението “Ромска ѕвезда“ го одбележа меѓународниот ден на Ромите
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- ДПД “Архангел“ од Битола на меѓународен против пожарен настан во Хрватска (фото)





