Средното oпштинско eкономско училиште “Јане Сандански“ од Битола го слави својот Патрон празник. Празну њето на патронот започна со полагање цвеќе врз бистата на Јане Сандански од страна на директорката Биљана Јанкуловска и градоначалникот Тони Коњановски.
-Образованието е најмоќниот инструмент кој можеме да го користиме за да го промениме светот. Ова е максима за сите нас да го разбереме и третираме образованието како привилегија и да го користиме како средство за постојан раст и развој. Правиме се и посветени сме нашите ученици да ги научиме да гледаат на образованието со стратешко размислување, креативност и трудољубовост во постигнувањето на сопствените цели. Да станат активни и корисни граѓани на заедницата. Со знаењето што го стекнуваат тука, тие се подготвени да го променат светот и да се изборат нивните можности да значат реализација на нивните соништа, рече директроката Биљана Јанкуловска во своето обраќање кон присутните на свеченоста.
Потоа се оддржа литературно читање со творби на ученици од основите и средните училишта на тема: „Најдобриот пријател се наоѓа во моето училиште“, како и социјално-економски дијалог, во кој учениците побараа одговори од образовните институции, бизнис секторот и невладиниот сектор околу тоа колку тие соработуваат со нив и ги оспособуваат за придонес во развојот на бизнисите, но и да бидат пококурентни на пазарот на трудот.
На крај, беше организиран Отворен ден на училиштето во кој учениците го претставија училиштето и своите активности, организации, како и соработката на училиштето со ЦЕФЕ методологијата.
Во чест на овој ден, професорката Христина Зариевска, заедно со учениците подготвија видео во кое ја споделија организацијата и работата на училиштето, а учениците ги споделија своите искуства и импресии од учењето во ова училиште.
Во видеото, наставниот предмет Учење преку работа кај работодавач го претставија професорите Александар Цветкоски и Соња Карапашовска.
-Се зближуваме со реалниот сектор, го воведуваме во училиштето и училиштето го воведуваме во реалниот сектор, односно учениците доаѓаат на пракса, па ги склучуваме договорите и меморандумите за соработка, рече професорот Александар Цветкоски.
Придобивките од ваквиот тип на настава ги објасни професорката Соња Карапашовска:
-Овој нов концепт на изведување на практичната работа е одговор на постојаните забелешки од страна на работодавачите во врска со немањето на практични знаења и способности кај
учениците. Оваа можност е учениците директно кај работодавачите да се запознаат со организациската култура и применливоста на веќе наученото.
Во овој краток период, додека се имплементира ваквиот систем на настава, имаме позитивни примери што значи дека наши ученици веќе се регрутирани за вработување со можност за стипендирање на нивното високо образование. Во иданина очекуваме дека ќе биде препознаен овој нов концепт од страна на бизнис заедницата, бидејќи и нив сето ова ќе им биде од корист и ќе им го скрати патот на селекција иодбирање на квалитетни кадри.
Свое претставување имаше и координаторот на Младинската организација на училиштето – Целе Јолевски „Младинската организација преку своите идеи, настани и работилници е двигател на промените во нашето училиште и чест ми е што истата ја координирам.

Средното eкономско училиште “Јане Сандански“ од Битола го слави патрониот празник (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Јени Маале од Битола 17. година по ред слави успех и пријателство (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: “Шарената револузија“ го исфарба кино “Манаки“, реагираа Власите
- СВР Битола: битолчанка како пешак била повредена од автомобил, потоа возачот физички ја нападнал
- Во Битола променливо облачно температурата до 20 степени
- По вулгарната прослава на титулата на Вардар, се огласија сите само не Вардар





