Вечерва во Битола на плоштадот “Магнолија“ претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ја заврши предизборната претседателска кампања пред првиот изборен круг кој е закажан за в среда на 24 април.
Покрај Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Битола присуствуваа коносителката на ИЕ5, на коалицијата за европска иднина, Бисера Костадиновска-Стојчевска, носителот Јован Митрески и кандидатот за пратеник Матодија Илиевски, како и претседателот на ОО на СДСМ Битола – Драган Крајовски со раководстото, членови на СДСМ и симпатизери…
Во своето обраќање пред присутниите во Битола Пендаровски рече:
-Не случајно последниот митинг пред првиот изборен круг овде во стариот главен град на Македонија. Градот на конзулите има видено многу работи низ историјата и денеска живееме во историски времиња и денеска сме соочени со историски избори. Битола, градот на конзулите има видено многу работи низ историјата и денеска живееме во историски времиња и денеска сме соочени со историски избори. Не мислам на оние кои се пред нас на 24 и на 8, туку воопшто во светот кој толку бргу се менува. Една мала држава мора да мисли кому ја дава довербата да ја води и на општинско и на градско и на државно ниво, кој ќе ја предводи новата влада затоа што во светот кој големите диктираат, а технологијата напредува, малите мора да имаат сојузници и мора да мислат 10-15-20 години однапред и додаде:
Тој ги предупреди граѓаните, да не ги лаже умот и пропагандата дека изборите на 24 април не се битни, бидејќи на 8 мај ќе се решавало.
-Во формална смисла на 8 ќе се знаат победниците. Јас ви гарантирам дека на 24 точно ќе се види кој ќе победи на 8 мај. Ако успееме во доволна мерка да се мобилизираме на 24, победата и тоа двојна не може да ни побегне.
Претседателот додаде дека членството во НАТО Алијансата е работа, рамна на прогласувањето на независноста на државата, а тоа успеа по долги преговори и со голема помош од нашите стратешки партнери.
-За мала држава, со 1,8 милиони луѓе е огромна работа и огромна гаранција за нашата независност кога седи на иста маса со големите држави кои се главни фактори во меѓународните односи. Малата Македонија денес е на рамна нога со една Америка, со една Германија, Франција, Канада и разговара за горливи проблеми независно од нашата големина, независно од нивната големина, само затоа што постоеше храбра политичка гарнитура која не водеше сметка за својот рејтинг, не се грижеше дали ќе бидат популарни, не мислеше на идниот мандат и мислеше на идните генерации и да ја обезбеди безбедноста на државата за следните децении, потенцираше Пендаровски.
На граѓанскиот митинг беа поставени и прашања кон Пендаровски на кои одг0вараше, а неговите поддржуваќи ја искоростија приликата да направат и селфи фотографии со него.

Стево Пендаровски во Битола ја заврши предизборната претседателска кампања пред првиот изборен круг (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Две победи на ракометарите во Битола, Еурофарм Пелистер го победи Бутел, “двојкат“ Прилеп (фотогалерија)
- СВР Битола: 18 годишник пријавил физички нападнат од битолчанец
- Цвеќе во чест на сите кои низ годините беа дел големата театарска приказна на Народен театар
- Со премиерата на “Магбет“ свечено отворен Шекспир фестивалот, НТ Битола го прослави 81. роденден (фотогалерија)
- Билтен на МВР: на “Булеварот“ со “опел корса“ повредени две 23 годишни девојки, едната тешко





