Press "Enter" to skip to content

Трет по ред бизнис форум на Ротари клубот Битола Широк Сокак и Регионалната Стопанска Комора Битола (фотогалерија)

Денес во хотел “Епинал“ во Битола се одржа третиот по ред бизнис форум, во организација на Ротари клубот Битола Широк Сокак и Регионалната Стопанска Комора Битола.Како и претходните години, така и оваа се иницираа инспиративни и иновативни теми кои ќе бидат од значење за работењето на компаниите и ќе придонесат за нивниот раст и развој.Овие така наречени “soft skills“ според истражувањата, особено во денешни услови на живот и работа, во голема мера значајно влијаат на успехот на компаниите, особено на нивните лидери.Бизнис форумот го отвоти д-р Наташа Несторовска од Ротари Клубот Битола Широк сокак, која преку своја анализа на финансиски податоци, даде свој осврт на примената на алатките на дата аналитиката при анализирање на финансиските извештаи.Д-р Моника Марковска од Ротари Клубот Битола Широк Сокак и од Никола Димковска од Регионалната стопанска комора од Битола велат дека со овој настан поттикнаа потреба за промени и личен развој на секој од нас како лидер, како сопственик на компанија, како лице кое треба да донесе вистински, точни и навремени одлуки.Исто така се надеваат дека поттикнаа и интерес за користење на алатките на дата аналитиката кои ќе можат да овозможат добивање на податоци на дневна основа за перформансите од работењето.Марина Анчевска, прв акредитиран мастер системски коуч во регионот, со своја уникатна програма, максимално го задржа вниманието на околу 90 присутни, припадници на бизнис заедницата, академската фела и ротаријанците од нашиот град.Сашо Илковски, дата аначитичар во Јавен Адвертајзинг Битола, даде свој осврт на дата аналитиката како област која опфаќа собирање, анализа и интерпретација на податоци, за да се извлечат корисни информации и знаење со цел да се подобри одлучувањето во бизнисот.

More from ВестиMore posts in Вести »