Press "Enter" to skip to content

Втора по ред ревијална “Трка за Македонија“ во чест на сите загинати бранители (фотогалерија)

Утрово во Битола со почеток во 9 часот започна втората по ред ревијална “Трка за Македонија“ во чест на сите загинати бранители во должина од 25 километри.На стартот беше кај  споменикот “Ангел“ кај Саат Кулата во Битола, имаше околу триесетина учесници, а се трчаше до село Породин каде почива Илче Стојановски кој еден од загинатите наши бранители од војната од 2001-ва поточно од масакрот на Вејце, а потоа враќање до црковниот храм “Св. Троица“ во “Буковски Ливади“.На стартот на трката пред споменикот “Ангел“ се обрати до присутните Игор Петковски еден од организаторите на трката, бранителот Злате Трајчевски и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.-Со овај чин и одржувањето на оваа трка покрај загинатите наши бранители од заседата кај село Вејце ние одаваме почит и кон сите други загинати бранители од 2001-ва година, како и на сите загинати бранители, наши браќа, татковци, роднини и пријатели кои во 2001 година го дадоа животот за подобра Македонија, беше речено.Натпреварувачите ги поздрави и им посака успешна трка пратеничката Олга Лозановска.-Ова е трка посветена на сите бранители кои го дадоа својот живот за Македонија. Се надевам дека оваа бројка на триесетина тркачи кои се одваживме да учествуваме од годона во година ќе биде поголема, рекоа учесниците.Пред почетокот на трката младите членовите на “Букефал“ положија цвеќе на споменикот “Ангел“ во паркот кај градскиот часовник.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »