Во рамките на прославата по повод 45 годишнината од основањето на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола се промовирани нови 11 доктори на науки на УКЛО.
-Задоволство ни е што имаме континуитет во докторските студии, дека секоја година има задоволителен број на докторанти и дека нивните докторски студии завршуваат со успех, односно кандидатите го достигнуваат највисокиот научен степен доктор на науки, истакна ректорот проф.д-р Игор Неделковски и нагласи:
-Фактот дека имаме и преку 40 проценти странски студенти на докторските студии, дека се изведуваат и на македонски и на англиски јазик, дека во континуитет задржуваме една бројка на запишани докторанти, тоа значи дека се задоволни нашите кандидати. Кај докторските студии нема импровизации, тие се релативно скапи студии и секој за своите средства, за своите пари гледа да го добие најдоброто, ментор кој ќе му помогне во неговата или нејзината идна кариера, така да докторските студии се сериозен индикатор на квалитетот на научната работа, оти тие се и научни студии, и наставната работа на еден универзитет.
Од новопромовираните 11 доктори на науки на УКЛО, двајца се доктори по образовни науки, двајца доктори по маркетинг и по еден доктор на: технолошко – технички науки од областа на храна и иновативни технологии, инженерство и менаџмент на софтверски апликации, информатика и компјутерска техника, безбедност, туризам, организациони науки и управување – осигурување и од областа на биотехничките науки.
Од основањето на Универзитетот во 1979 година до денес, докторирале вкупно 458 доктори на науки, од кои: 100 од Економски факултет – Прилеп, 68 од Технички факултет – Битола, 87 од Факултет за туризам и угостителството – Охрид, 76 од Педагошки факултет – Битола, 49 од Факултет за безбедност –Скопје, 30 од Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола, 17 од Научен институт за тутун – Прилеп, 20 од Факултет за биотехнички науки – Битола, 9 од Правен факултет – Кичево, и 2 од Технолошко-технички факултет – Велес.

На УКЛО Битола промовирани 11 нови доктори на наука (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)

- Со гала вечер “Pionerski Book Bar & Apartments“ Битола прослави една година постоење (фотогалерија)
- Пелистер со победа над Башкими во регулатниот дел, за бараж за опстанок ќе игра против Шкендија Арачиново
- ОЈО Битола отвори постапка за телесна повреда и противправно лишување од слобода на матурантка од Битола
- СВР Битола: битолчанец возел без возачка, 16 годишник “фател“ како вози „голф“ без возачка, приведен битолчанец за физичка напад на 17 годишна битолчанка




