Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведувања за марихуана и агресивно однесувања, пријава за физички напад, поведен пешак

На 07.05.2024 во 22.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.05.2024 во 03.20 часот од ул. “Љубојно” во Битола, полициски службеници од СВР Битола привеле 31 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок. 

На 07.05.2024 во 15.40 часот во СВР Битола, А.И.(41) од Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 07.05.2024 во 01.10 часот на ул.„Девеани” во Битола, полициски службеници од СВР Битола привеле 32 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок. 

На 07.05.2024 во 10.43 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од булевар „1 Мај“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од  77 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 53 години од Битола. Во несреќата пешакот се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »